| четврток, 6 декември 2018 |

Интересни факти за сексот: лажичка сперма има седум калории

Ако мислите дека знаете се за сексот, овие неколку факти сигурно ќе ви бидат забавни и ќе ве насмеат. Уживајте и не заборавајте дека некои од нив се научно докажани, колку и и да звучат чудно.

oralno-zadovolstvo

1. Секој четврти маж гаси светло за време на секс.

2. Откако ќе изедете цело чоколадо, тешко дека ќе посакате уште едно, но колку повеќе имате секс, толку повеќе ќе ви се јаде.

3. Четвртина од пенисот е малку накривен за време на ерекцијата.

4. Просечна должина на пенисот во време на ерекција е 15 сантиметри.

5. Речиси половина од мажите мислат дека нивниот пенис е премногу мал, додека поголемиот број жени се задоволни со „алатот“ на нивните мажи.

6. Кога мажот апстинира се намалува бројот на сперматозоидите.

7. Просечен здрав маж има 300 милиони сперматозоиди во една лажичка сперма.

8. Истата лажичка сперма има седум калории.

9. Просечната брзина на ејакулација изнесува 45 км/час.

10. Се грижите за калориите? Нема потреба за тоа бидејќи кога сексот е во прашање, за време на 30 минутен активен секс успешно согорувате 200 калории.

seks2

11. Спермата содржи протеини кои имаат ист ефект во борбата против брчките како и вашата крема, што значи дека ја затегнува кожата и и дава инстант фејс лифтинг.

12. Не е чудно што сакаме да пливаме со делфини, бидејќи луѓето и делфините се видови кои имаат секс исклучиво од задоволство.

13. Мажите сакаат голем задник кај жените. Зошто? Бидејќи се знак на плодноста.

14. 73 проценти од 70 годишниците се уште се потентни.

15. Најпопуларно место за секс, надвор од спалната соба, барем кога Американците се во прашање, е очекувано, автомобилот.

16. Во текот на животот поминуваме околу 20.160 минути бакнувајќи се. Тоа во превод е 336 часа или 14 дена или две недели.

17. За време на оргазмот кај жената се отпушта ендрофин кој делува против болка. Затоа внимавајте ако одбивате секс поради главоболка. Сексот може само да ја излечи.

sex241

18. За среќа на мажите, 75 проценти од нив секогаш доживуваат оргазам за време на сексуалниот однос, но кај жените ситуацијата не е толку сјајна. Дури 29 проценти од жените доживуваат оргазам при пенетрација, додека поголемиот дел од нив тоа го доживуваат со стимулација на клиторисот.

19. Возрасниот маж мисли на секс на секои седум секунди.

20. Чевлите и стопалата се најчест фетиш во западниот свет.

21. Мажот во просек доживува 11 ерекции дневно.

22. Се претпоставува дека секој ден во светот има околу 100 милиони сексуални односи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top