| четврток, 6 декември 2018 |

Овие пет хороскопски знаци знаат да простат неверство

Понекогаш љубовта знае да биде малку сурова и во неа можат да се најдат многубројни пречки на патот како што се неверствата. Некои знаат да го простат ова и да ја продолжат врската со неверниот партнер, додека пак други сметаат дека неверството значи само едно: крај на врската.

Neverstvo-1

Близнаци

Близнаците се познати по својата променливост и превртливост. Тие ќе им кажат на оние кои ги изневериле дека им простиле, но овие личности ќе треба да се запрашаат дали е тоа вистина или не. Можеби Близнаците вистински ќе им опростат тогаш, можеби ќе им требаат неколку денови или месеци, а можеби тоа и никогаш нема да го направат. Но, бидејќи нивниот партнер им е премногу драг, тие исто така и нема лесно да го пуштат. Интересно е што личностите во овој знак ќе сакаат веднаш да разговараат за неверството, но може да се случи и да го заборават во рок од 2 секунди и да се однесуваат како ништо да не било. Едно е сигурно: Близнаците се секогаш непредвидливи.

Рак

За Раковите е веќе познато дека се чувствителни и емотивни личности кои лесно се врзуваат. Тие ќе им простат на љубените ако навистина се каат и покажуваат колку им е жал за тоа што го сториле. Раковите ќе се обидат да разберат зошто нивните партнери имале желба да направат нешто вакво, па токму затоа и долгиот разговор за тоа е гарантиран.

50035_prevara-shutterstock-3

Вага

Вагите најмногу го сакаат мирот и ќе направат сѐ за ситуацијата да остане таква. Затоа и лесно ги опростуваат неверствата. Но, за Вагата да го заборави тоа неверство потребно е да разбере зошто нејзиниот партнер го сторил тоа. Дури откако ќе сфати ќе биде подготвена да продолжи понатаму со истото темпо.

50035_prevara-shutterstock-3

Водолија

Исто како и Вагите, така и Водолиите спаѓаат во воздушните знаци кои го сакаат мирот. Полни се со разбирање и знаат дека е во човечката природа да се греши, па сметаат дека опростувањето е правилната постапка која треба да се направи. Иако можеби нема веднаш да го заборават неверството, сепак на Водолиите им е поважно да ја дознаат причината и да добијат добро објаснување.

Риби

Рибите се многу емотивни и за нив љубовта претставува сѐ. Ако не ја дадат својата прошка, тие ќе имаат постојан притисок и чувство на тежина. Токму поради тоа тие сакаат да опростуваат. Неверството им паѓа тешко, но со доброто објаснување тие можеби и ќе можат да го пребродат тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top