Иако владее мислењето дека пријателства во шоубизнисот се речиси невозможни или пак возможни ако суетата се стави настрана, постојат вистински долгогодишни пријателства помеѓу ѕвездите. Тие другарства се поприлично неверојатни.
Џеј Зи и Гвинет Палтроу
Кога ќе ја видите нежната Гвинет тешко е да замислите како безгрижно попладне поминува со Џеј Зи. Сепак тие двајца се одлични пријатели.
Гвинет е блиска и со Бијонсе, а децата на актерката Епл и Мозес Џеј Зи го викаат „чичко Џеј“.
Ријана и Џими Парсонс
Пејачката и ѕвездата на „Бубалици“ се многу блиски, верувале или не.
-Ријана толку убаво мириса – кажал Џими во едно интервју.
Бет Мидлер и Фифти Цент
Можеби и најневеројатен спој на оваа листа. Тие двајца се запознале и станале пријатели на една хуманитарна акција.
Дејвид Бекам и Снуп Дог
Дејвид и Снуп се дружат д кога најпопуларниот фудбалер на светот се преселил во Америка.
Еминем и Елтон Џон
Еминем во своите песни на почетокот бил хомофобичен, но кога ја запознал британската легенда Елтон Џон се е оставено во минатото. Елтон несебично му давал поддршка на Еминем кога се борел со зависноста.
Мел Гибсони Бритни Спирс
Додека Бритни се бореше со нервен слом, низ приватен пекол поминуваше и Мел. Тие двајца беа еден од друг кога им беше најтешко, а заедно дури и заминаа на одмор во Костарика.
Вуди Ален и Линдзи Лохан
Верувале или не тие се пријатели со години. Се запознале на една збава,а потоа се фотографирани неколку пати на вечера.
Вин Вон и Роберт Патинсон
Овие двајца холивудски заводници уживаат во лудите забави и често заедно излегуваат во ноќен живот каде во познати клуби се забауваат до раните утрински часови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.