| четврток, 6 декември 2018 |

Пандов: Од едната страна е Груевски кој е човек од збор, од другата страна Заев кој е трчи-лажи политичар

Aleksandar Pandov (9) (Custom)

Како и многу пати до сега, така и со последната анкета се докажа дека Македонците имаат исклучително изострен осет за политика и многу јасно ги имаат препознаено намерите и дејствијата на македонските политичари. Верувам дека резултатите од анкетата не изненадуваат никого. Кога човек е исправен пред изборот за деструкција, уцени, лаги, шурување и со ѓаволот, а притоа да немате ниту една страница програма што тоа му нудите на народот и како капак на се да немате никаков тим, тогаш нормално е истиот тој народ својата доверба да му ја даде на тимот кој 24/7 работи за неговото добро и просперитет – ја коментира аналитичарот Александар Пандов последната анкета на Брима Галуп направена за потребите на „Република“.

Тој додава:
Просто не можам да разберам како во СДСМ сѐ уште неможат да видат дека сме 2016 година и дека далеку позади нас се деведестите години кога успеваа да бидат на власт со удбашки методи на заплашување и страв. Јас сум сигурен дека како се ближи 24 април датумот на изборите разликата ќе се зголемува во корист на ВМРО – ДПМНЕ. Конечно мислам дека и самите бројки тоа го покажуваат, најголемата разлика е помеѓу лидерите на двете партии. Од една страна Груевски кој докажа дека е човек од збор и ветеното го исполнува, а ветува многу и од друга страна Заев, трчи лажи политичар, кој е застанат со однесувањето во деведесетите години од минатиот век.

Резултатите од последната анкета на Брима Галуп покажуваат огромна поддршка и повеќе од двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ спрема СДСМ, односно доколку следната недела се одржат нови парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 36.8%, а за СДСМ повеќе од два пати помалку односно 15.7%.

Овие резултати се кај македонското гласачко тело, но таквата двојна разлика се пресликува и доколку се земе во предвид целосната етничка структура на населението во Република Македонија,односно 25.7% за ВМРО-ДПМНЕ према 13.4% за СДСМ.

1-chart-37

Речиси 5 пати повеќе, односно 56.6% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би победила доколку се организираат предвремени парламентарни избори на кој би учествувале сите партии, а само 12.4% сметаат дека тоа е СДСМ.

Дури 47.6% сметаат дека СДСМ се плаши од предвремени парламентарни избори, што може да се доведе во корелација со нивното одбивање да учествуваат на изборите на 24 април. Само 16% сметаат дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

Кога станува збор за перцепциите, точно пет пати повеќе сметаат дека генерално ВМРО-ДПМНЕ има поголема поддршка од граѓаните и дека ќе победи на изборите, односно 65.1%, за разлика од само 13% кој сметаат дека СДСМ има поголема поддршка.

Според граѓаните убедливо ВМРО-ДПМНЕ е партијата со која државава економски и политички ќе оди напред. Дури 50,8% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ економски ќе ја води подобро државата напред, односно 50,7% од граѓаните сметаат дека со ВМРО-ДПМНЕ државата ќе оди напред и на политички план, наспроти, 20,1% кој сметаат дека тоа е СДСМ во поглед на економијата односно 21,3% дека државата ќе оди напред со СДСМ на политички план.

2-chart-39

Убедливо, двојно повеќе односно 53.6% од граѓаните сметаат дека опозицијата доколку би ја превземала власта би била понедемократска,  за разлика од 26.3% кои сметаат дека би била подемократска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top