Православната црква и нејзините верници денеска го одбележуваат празникот посветен на пренесување на моштите на Свети Игнатиј.
Главното празнување на Св. Игатиј е на 2 јануари, но и денеска е празник посветен на овој светец.
Антиохискиот епископ Игнатиј пострада за Христа за време на владеењето на император Трајан, во Рим, а неговите мошти христијаните ги собраа и ги пренесоа во Антиохија. Ова прво пренесување на моштите стана веднаш по неговата смрт, во почетокот на вториот век. Моштите на свети Игнатиј уште еднаш беа пренесени, сега во Рим во црквата Свети Климент, пред арапското освојување на Антиохија во седмиот век. Денес Црквата, сеќавајќи се на двократното сочувување на моштите на свети Игнатиј, го празнува исклучително важното сведоштво на овој антиохиски свештеномаченик.
На овој голем празник не треба да се работи тешка физичка работа, а ова особено важи за жените, кои не треба да шијат и работат.
Светецот помага, само треба да ја изговорите оваа молитва:
-Беше наследник Апостол на престолот и спасител на духот, Ја издигна вистината и заради верата плати со крв. СВештеномаченику Игнатиј, Моли го Христос за нашите души…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска е еден од најголемите празници: Се верува дека жените кои немаат деца, а се помолат, ќе добијат дете!
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа голем и тежок празник: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Денеска е голем празник на љубовта: Ако сакате да ја дознаете вашата сродна душа, пред спиење направете го ова…