Градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов денеска на 83 лица им додели ваучери за новороденчиња, од кои на петмина за трето дете. Општината доделува по седум илјади денари за семејствата кои имаат новородено дете.
– Се стимулира и секое новородено трето дете, за кое родителите добиваат 14 илјади денари. Ги субвенционираме и сите возрасни мажи кои навршуваат 40 години, а ќе се одлучат да склучат брак, соопштил градоначалникот Апостолов.
Апостолов ги доделил и првите два ваучера во висина од 30 илјади денари за лица над 40-годишна возраст, кои првпат стапуваат во брак.
Тој информирал дека од почетокот на проектот досега се доделени 583 ваучери за новороденчиња.
-Тоа резултира со зголемување на наталитетот во општина Неготино. Статистички, некаде од минатата година, околу 19 проценти. Затоа и понатаму ќе продолжиме со ваквите мерки, нагласил Апостолов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст