| четврток, 6 декември 2018 |

Само што ги поставија – украдени знаците што ја регулираат пловидбата по Охридско Езеро

Триесеттина знаци за езерска пловидба што беа неодамна поставени за регулирање на сообраќајот на Охридско Езеро, се украдени од страна на непознат сторител/ли.

Според информациите од Капетанијата на пристаништа во Охрид, станува збор за алуминиумски знаци поставени по македонската страна на крајбрежјето на Охридско Езеро на потегот од Радожда до Љубаништа, чијашто вкупна вредност изнесува неколку илјади евра.

Бидејќи знаците не можат да бидат употребени на друг начин освен како второстепена суровина, надлежните служби апелираат до откупувачите на метал да се пријави евентуалниот обид знаците да бидат продадени како стар алуминиум.

Инаку, Капетанијата на пристаништа на РМ најавува дека знаците повторно ќе бидат поставени на соодветните места, оттаму што станува збор за безбедноста на пловидбата на Охридско Езеро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top