ФБИ има осомничен за поставувањето на бомбите на Бостонскиот маратон откако ги прегледал снимките од безбедносните камери, но не го знае неговиот идентитет. Извори од Бирото за „Ројтерс“ тврдат дека ФБИ трага по човек кој на камерата на трговскиот центар „Лорд и Тејлор“ е снимен како ја поставува втората експлозивна направа додека зборува на мобилен телефон.
Според истражителите, тој носел црна јакна, сив дуксер со капа, висок е околу 188 сантиметри, средно граден и имал бела капа.
Според британскиот „Дејли меил“, на снимката што ја поседува ФБИ се гледало дека човекот користи телефон во моментот на првата експлозија. Тој повторно го користел мобилниот и 12 секунди подоцна за време на втората експлозија која се случила блиску до местото каде што стоел.
Властите признаваат дека засега не го знаат идентитетот на човекот и уште еднаш соопштија дека досега никој не е уапсен за бомбашките напади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


