Многу наскоро ќе имате прилика да го погледнете заедничкиот видеоспот за новата дуетска песна на Елена Ристеска и Панчо од дуото ДНК. Станува збор за една од новите песни на Елена, „Како да се радувам“, која се наоѓа на нејзиниот неодамна објавен албум насловен „Без шминка“.
Спотот се снимаше под режисерската палка на Бане Поповиќ и „Томато продукција“, а покрај Панчо и Елена, во спотот се појавува нашата преубава манекенка Симона Станковска, како и манекенката Марија Марковиќ до Србија.
Видеоспотот се снимаше во казиното „Фламинго“ во Гевгелија, а обожавателите на Панчо и Елена ќе имаат прилика да видат една интересна приказна, во која веруваме дека ќе се пронајдат доста луѓе.
Инаку за стајлингот на Елена беше задолжена Мила Кадриу и Даниел Николовски, додека за изгледот на Панчо се погрижи „Фешн груп“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.