Судскиот процес против 29 лица обвинети за настаните во кумановското Диво Насеље во мај минатата година треба да продолжи денеска во просториите на Врховниот суд.
И денеска се преземени засилени безбедносни мерки во и околу судот, како и на локалните сообраќајници. Местото околу судот го надлетуваа и полициски хеликоптери.
Обвинетите се обвинуваат за кривичните дела тероризам и терористичка организација.
Судењето за 29 обвинети лица почна пред два дена, на 9 овој месец.
Образложувајќи го обвинителниот акт, јавниот обвинител Наум Пановски на почетокот на судскиот процес рече дека Обвинителството ќе докаже дека обвинетите биле учесници во судирот во Куманово, како и во нападот врз полициската станица во Гошинце.
Според обвинението, дел од обвинетите на 21 април минатата година ја нападнале полициската станица во Гошинце и го зеле целото оружје за логистичка поддршка.
Според Обвинителството, структурата на вооружената група била составена од три нивоа. Првото ниво било командната структура во која најголем дел се државјани на Косово, второто ниво била логистиката што обезбедувала помош и засолниште за учесниците во нападот и најголем дел од нив биле од Македонија, додека во третото ниво биле извршителите, кои биле од Косово.
Одбраната на почетокот на судскиот процес побара овој случај да го преземе Специјалното јавно обвинителство.
На 9 и на 10 мај минатата година во кумановското Диво Насеље вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст