| четврток, 6 декември 2018 |

Превртено возило го блокираше патот Виница-Берово, сообраќајот во прекин

soobrakajka-ulicaПоради превртено возило  од 7:35 часот изутрина во целосен прекин е сообраќајот на регионалниот пат Виница-Берово, во близина на село Лаки, соопшти Автомото сојузот на Македонија, информираат од АМСМ.

Според АМСМ, од шест часот изутрина укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар. Сообраќајот на сите државни патишта се одвива  без забрани и застои, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Маврово и на планинскиот премин Стража.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top