| четврток, 6 декември 2018 |

Земји каде „селфи“ било смртоносно

Популарноста на селфијата од 2014 година  постепено опаѓа, што е добра работа, со оглед на фактот дека оваа активност досега предизвикала 49 смртни случаи.

Вкупно настрадале 36 мажи и 13 жени, а најголем број туристи починале во 22-та година од животот, пишува „Priceonomics“.

Земјите со најголем број смртни случаи предизвикани од селфија се:

Индија- 10

Русија- седум

САД- пет

Шпанија и Филипини по четири

Португалија и Индонезија по две

Јужноафричка Република, Романија, Пакистан, Мексико, Кина и Италија по едно

Најчеста причина за смртта е пад од голема височина. Така што следниот пат кога ќе го фотографирате спекакуларното заоѓање на сонцето од 30. кат, потсетете се дека вашиот живот е поважен од добрата фотографија. Тоа вклучува и вакви примери.

Водечки причини за смртта се:

Пад од голема висоичина – 16

Давење – 14

Удар на воз – осум

Пукање од огнено оружје- четири

Експлозија на граната, авионска несреќа  и автомобилска несреќа -по две

Напад на животно- едно .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top