| четврток, 6 декември 2018 |

Светските медиуми ја крунисаа изведбата на Џеф Милс, Дерик Меј и Емин Џијан

Светските медиуми ја крунисаа изведбата на Џеф Милс, Дерик Меј и нашиот Емин Џијан, ставајќи го нашиот мултиталент на самиот пиедестал. Низ фотографии може да се види атмосферата на спектакуларниот концерт кој се одржа во Мелбурн, заедно со тамошниот симфониски оркестар. Оваа фузија на двајцата гиганти во електронската музика и Симфонискиот Оркестар од Мелбурн, под диригентската палка на Емин Џијан се случи првпат во светски рамки. Концертот беше заокружен со светска премиера на новата композиција „King Of Sopishte “, која ја направија Џијан и Милс, по нарачка на самиот директор на оркестарот.

Македонската продуцентска куќа „Излет мјузик“, го организираше и овој грандиозен  спектакуларниот концертен настап во Мелбурн, Австралија, на двајцата техно диџеи и продуценти Џеф Милс и Дерик Меј.

Светските медиуми веќе се огласија, не штедејќи го своето воодушевување. Текстови со позитивни критики објавија: Мusic livereviews, Daily review, Theage, Vulturemagazine…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top