| четврток, 6 декември 2018 |

За сите љубители на благото – во Неготино се прави „Раванијада“

Раванијада ќе се одржи во Неготино во недела на 14 февруари, во рамките на традиционалната манифестација посветена на верскиот празник Свети Трифун, заштитникот на лозарите. Ова денеска го соопштија од неготинската локална самоуправа.

– Несекојдневниот настан е во организација на локалната библиотека „Страшо Пинџур” од Неготино, со поддршка на Организацијата на пензионери од градот и локалната самоуправа. Во име на традицијата и аманетот од нашите претци, се организира Раванијада, со цел да го заштитиме нашето културно духовно наследство, информираа од општината.

Раванијата е своевидна торта, типично старо благо од Тиквешкиот крај. Во неа,  една од главните состојки е токму маџунот, традиционалниот производ од грозје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top