| четврток, 6 декември 2018 |

Претепан уште еден скопјанец затоа што не дал предност на крстосница

Вчеравечер во 21.40 часот во ПС-Гази Баба Д.З. (28) пријавил дека бил физички нападнат од страна на две непознати машки лица.

Д.З. со возило „мерцедес вито“ со скопски регистерски ознаки, застанал над надвозникот за да се приклучи кон населбата Методија Андонов-Ченто, при што од правец на „Триангла“ пред неговото возило  застанало возило „ауди“ со скопски регистерски ознаки и од возилото излегле две непознати лица, му ја отвориле  возачката врата, почале да му викат на висок тон и едно од лицата со тупаница го удрил неколку пати во пределот на лицето при што му нанел видлива повреда во вид на црвенило.

Причина за физичкиот напад е поради недавање на првенство на минување во  сообраќајот.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top