Ване П. (21) од струмичкото село Просениково е момчето што пред пет дена било уапсено и притворено поради секс-скандалот во кој тој имал централна улога, бидејќи снимил секс со малолетна девојка, а видеоматеријалите и фотографиите ги објавил на социјалните мрежи и му ги праќал на таткото на девојката.
-Дознаваме дека целиот случај е од пред три години, односно тогаш е снимен материјалот, кога девојката имала 14 години а тој 17, поради што практично не можел да одговара за педофилија туку му е поднесена кривична по друга основа. Инаку момчето снимените клипови и фотографии на 1 февруари годинава ги објавил на креиран лажен фејсбук профил и на Инстаграм, а фотографиите и клиповите со порнографската содржина ги испраќал и до таткото на оштетената, како и до други лица. Од полицијата не откриваат дали пријавениот ја уценувал малолетната девојка, односно зошто решил да ги објави снимките, објави порталот strumicadenes.mk.
По претресот во неговиот дом минатиот вторник, полицијата пронашла и одзела еден лап-топ, куќиште од компјутер, УСБ – уред, и мобилен телефон што ги користел пријавениот во кои се наоѓаат видео клиповите, и фотографиите со компромитирачка содржина – велат од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст