| четврток, 6 декември 2018 |

Што ќе ви се случи ако јадете по две банани триесет дена?

Научниците порачуваат дека колку се позрели бананите толку се поздрави.  Колку повеќе точки, толку поздрава банана.

624-400-banan-plod

Нутриционистите тврдат дека за само еден месец од кога ќе почнете да јадете по две банани на ден здравствената состојба би требало значително да ви се подобри.

Додаваат дека е важно да се знае дека бананите се извор на калиум кој е одличен за регулација на крвниот притисок и за здравјето на срцето. Докажано е дека секојдневно консумирање на бананите може да го намали ризикот од срцев удар за дури 40 отсто. Тие се добри за варењето затоа што содржат доста влакна.

banani-jena-102128-500x334

Доколку чувствувате дека немате доволно енергија, изедете банана. Ако ви недостасува железо, бананите се одлични затоа што ги стимулираат црвените крвни зрнца и производство на хемоглобин.

Придонесуваат и во создавањето на хормонот на среќата и се најдобриот природен избор за намалување на депресијата. Нутриционистите затоа препорачуваат – наместо  да купите лек во аптека, појдете во продавница и купете си банани.

Доколку учите, тогаш бананите се клучот за успех. Калиумот од бананите го поттикнува работењето на мозокот и го олеснува учењето и памтењето.

Потполно зрела банана ја произведува супстанцата  ТНФ (Tumor Necrosis Factor) или Фактор на некроза на тумор, која има способност да се бори против ќелиите кои се однесуваат невообичаено.

banana-sveza

Колку повеќе точки има, толку има повеќе збогатени ќелии кои развиваат имунитет и е подобра за вас. Нивото на ќелиите со антиканцероген ефект одговара на нивото на зрелоста на овошјето. Колку е позрела бананата, толку повеќе има антиканцерогени квалитети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top