Водачите на Исламската држава одлучиле оваа година да ги нападнат САД, изјавиле американските разузнавачки служби.
Шефот на националната безбедност Џејмс Клапер истакнува дека Исламската држава е сериозна закана како организација која може да „насочи и да инспирира напади на голем број цели ширум светот“.
Директорот на американската воена разузнавачка служба, генерал Винсент Стјуарт, посочил дека терористите најверојатно ќе изведат уште напади во Европа, а потоа ќе се обидат и со напади на територија на САД.
Како терористичка закана Клапер ја навел и Ал Каеда, но додал дека опасност за американските интереси се и сајбер-нападите од Кина, Русија и Северна Кореја, која продолжува да ја засилува својата нуклеарна програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Сѐ помалку новинари кои работат во весници во САД