| четврток, 6 декември 2018 |

Хакери објавија податоци за повеќе од 20.000 вработени во ФБИ

Хакери успеале да украдат повеќе од 20.000 податоци за вработени од базата на ФБИ. Имиња, презимиња и контакти па дури и позиција на која се вработени сега се јавно достапни.

hakeri

Информацијата е објавена само еден ден откако хакери објавија на „Твитер“ дека успеале да украдат 9.355 податоци за службеници во американската Влада.

На истиот сајт објавија дека поседуваат податоци за вработени во ФБИ – имиња, презимиња, нивни функции како и е-маил адреси.

Со порака на „Твитер“ налогот @ДотГов (@DotGov) поставен е линк кон база од околу 35.000 податоци за вработени во ФБИ.

Списокот е објавен со порака – Да живее Палестина, Да живее Газа (Long Live Palestine, Long Live Gaza) и хаштаг – Слободна Палестина (Free Palestine). На цел на хакерите биле и специјални агенти – вкупно 1.797 од нив, па дури и заменикот-директор.

Групата тврди дека успеала да преземе повеќе од 200 ГБ податоци од мрежата на американското Министерство за правда за кое тврдат дека има многу подоверливи податоци од она што е објавено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top