| четврток, 6 декември 2018 |

Започнува осминафиналната рунда во фудбалскиот Куп на Франција

Во фудбалскиот Куп на Франција од денеска до четврток ќе се играат мечевите од 1/8 финалето.

Најинтересен се очекува да биде дуелот меѓу актуелниот шампион и бранител на трофејот во ова натпреварување Париз Сен Жермен и Олимпик Лион, кој ќе се игра утре (среда од 21 часот и 5 минути).

Во останатите натпревари утре ќе играат: Гранвиље – Бург Перонас, Сент Мало – Ајачо, Сошо – Монако (вторник), Tроа – Сент Етјен, Сар Унион – Лориен, Бордо – Нант.

Осминафиналната рунда ќе ја заокружат Трелисак и Олимпик Марсеј со дуелот во четврток, по што ќе бидат познати и екипите кои ќе играат во четвртфиналето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top