| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски: Демаскирани изговорите на Грција

nikola-popovski1g

,,За нас извештајот е значаен од два аспекта. Во првиот дел извештајот констатира дека во сите приоритетни области кои се дел од пристапниот дијалог на високо ниво, Македонија е поподготвена отколку што беше претходно, односно имаме позитивна оценка по секое од поглавјата во делот од ХЛАД.

Европската комисја во извештајот констатираше дека Република Македонија има добри односи со своите соседи, особено со оние што се дел од Европската унија -односно Бугарија и Грција – потврди за MTВ министерот за надворешни работи Никола Попоски од Брисел, кој присуствуваше на вчерашното објавување на извештајот за напредокот на државата во Стразбур. Тој истакна дека за Македонија ова е значајно бидејќи овој извештај повторно доаѓа на разгледување кај земјите-членки и тие ќе треба да се изјаснат за таквиот извештај, а особено внимание ќе биде посветено на односот на Република Грција кон ова прашање бидејќи во изминатиов период имаше многу изговори кои беа наоѓани за да не се дозволи почнување  преговори со Република Македонија.

– Затоа сметам дека со овој извештај се демаскирани тие изговори – дециден беше Попоски.

– За нас е значајно да продолжи политичкиот дијалог, по надминување на политичката криза. Мислам дека сега во континуитет треба да градиме конструктивен однос, за пораките кои ги упатуваме надвор, да бидат дека сите се грижиме за евоинтеграциските процеси на државата, а тука секој од нас има посебна одговорност. Пораката на Европската комисија е дека сето тоа што се одвива во рамките на деморатските институции треба да продолжи, и дека не очекува кој било  политички чинител  свесно да работи спротивно на интересите на Република Македонија – изјави министерот Попоски во врска со пораката на Комисијата за што поскоро спроведување на договорот постигнат на 1 март со посредство на Европската унија.

Вчера вечерта министерот имаше и работна вечера со еврокомесарот Филе на која било разговарано и за тоа што ЕУ дополнително да придонесе за напорите кои ги споведуваат државите-кандидати за Унијата. Попоски недвосмислено побарал зголемен пристап до европските фондови, кои би ја зајакнале инфраструктурата, како и за реализација на енергетските проекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top