Косовскиот премиер Хашим Тачи ги прекина преговорите незадоволен од предлогот на Кетрин Ештон, дознава „Блиц“ од дипломатски извори во Брисел.
Според српскиот портал, во моментов има пауза и не се знае што понатаму ќе се случува.
Претходно српската страна во Брисел доби нешто подобра понуда кога станува збор за полицијата и безбедносните прашања, неофицијално српски регионални и локални командири на полицијата да бидат задолжени за безбедност на северно Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.