| четврток, 6 декември 2018 |

Литературен конкурс за средношколците во Велес

Литературниот конкурс е по повод 21 февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Советот на млади на Општина Велес во соработка со локалната библиотека „Гоце Делчев“ по повод патронот на библиотеката и 21 февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, денеска, 8 февруари, распишаа литературен конкурс за средношколците во Велес на тема „Мојот јазик – мојот идентитет“.

Како што информира на денешната прес-конференција Филип Спирковски, претседател на Советот на млади, средношколците може да учествуваат на конкурсот во две категории: прва за учениците од прва и втора година и втора категорија за оние од трета и четвртта година.

– Творбите треба да се достават најдоцна до 19 февруари, а најдобрите во двете категории ќе бидат прогласени на 22 февруари – информира Спирковски.

Тој ги повика сите млади од Општина Велес на возраст од 15 до 29 години да се вклучат во работата на Советот на млади на Општина Велес и да дадат свој придонес во реализација на годинашната програма на Советот на млади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top