Поранешната тужителка на Хашкиот трибунал Карла дел Понте, која во моментот работи на истрага на кршење на човековите права во Сирија, ги поддржа денеска руските воздушни напади врз терористичките групи во земјата.
– Во целина, мислам дека руската интервенција е добра работа, бидејќи конечно некој врши напади на терористички групи, рече Дел Понте.
Таа меѓу терористичките групи ја стави т.н. Исламска држава и Фронтот Ал Нусра.
Поранешната тужителка, а сегашна членка на Комисијата на ОН за истрага во Сирија, сепак додаде дека Русите „изгледа не прават доволно разлика меѓу терористите и другите, а тоа не е добро“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.