Секој ден по десеттина пациенти со мозочен удар завршуваат на Клиниката за неврологија. Наглите промени на времето за 30 проценти го зголемија бројот на лица со изливи. Пораст има и кај прегледите. За еден месец на новиот апарат за компјутерска томографија биле направени околу 500 снимања. Од Клиниката велат дека дијагнозата се поставува побргу, а болните веќе не ги малтретираат да одат на Радиологија.
-Сликањето што е потребно е тука во истата зграда. Пациентите и да имаат потреба од тромболитична терапија која е единствена терапија во вакви случаи ја добиваат за неполн час. Последниот месец е зголемен и бројот на тромболизирани пациенти на Клиниката, односно лица кои добиле ваква терапија, изјави д-р Игор Кузмановски, директор на Клиникта за неврологија.
На новиот апарат на Неврологија воведени се и нови методи на лекување.
Само во јануари 7 пациенти со мозочен удар навреме добиле тромбилитична терапија и немале сериозни последици од изливот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст