| четврток, 6 декември 2018 |

Собранието избра нови членови на повеќе комисии и одбори

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 91. седница усвои пет одлуки со кои избра нови членови, заменици или претседатели во собраниските работните тела, комисии и делегации во кои член, заменик член или претседател беше Емил Димитриев, кој сега ја врши функцијата премиер за спроведување на изборите.

собрание

Пратениците во претпладневниот дел на седницата ги разрешиј и старите и именуваа нови претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“. За претседател на овој Одбор е избран Марко Китески, писател и научен работник.

Исто така беа разрешени старите и именувани нови претседатели и членови на одборите за доделување на наградите „11 Октомври“ и „Свети Климент Охридски“. Нов претседател на одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ е Академик Митко Маџунков, а на Одборот за наградата „Свети Климент Охридски“ е академик Владо Камбовски.

Македонските парламентарци ја усвоија и Предлог одлуката за избор на Арбер Исаку за член на Советот на јавни обвинители на Република Македонија. Мандатот на Исаку започнува на 1 мај годинава.

Претпладнето усвоени беа и предлог одлуките за именување на член на Комисијата на Агенцијата за електронски комункации и за именување на член на Државната комисија за жалби по јавните набавки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top