| четврток, 6 декември 2018 |

Апсење во Русија: Терористи подготувале напад на Москва и на Санкт Петерсбург

Седум членови на терористичката организација Исламска држава (ИД) се уапсени во акција на руската федерална полиција во градот Екатеринбург.

Тие се осомничени дека подготувале терористички напад во Москва и во Санкт Петерсбург и дека на територијата на Руската федерација влегле преку Турција.

Отткако извршиле напад во два града, но не и на подрачјето на регионот Свердловск, каде што е Екатеринбург, терористите, наводно, планирале да ја напуштат државата и да побегнат во Сирија на подрачје кое е под контрола на ИД.

Според руската федерална полиција тие планирале напад на важни локации со помош на експлозивни направи. Во претресот се пронајдени рачни бомби, пиштоли, електрични детонатори и брошури кои содржат промоција на тероризам.

Приведените се државјани на Руската федерација и поедини централноазиски земји.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top