Руските фанови на славниот холивудски актер Леонардо Дикаприо почнаа кампања во која донираат злато и сребро со кое би се изработила статуетка „Оскар“ која ќе му ја подарат на актерот.
Дикаприо се уште нема освоено награда од Академијата, а годинава е номиниран за улогата во филмот „Повратник“. Иако многумина сметаат дека токму тој годинава ќе го понесе Оскарот, тој секако ќе добие една статуетка, само од рускао производство.
Околу стотина љубители од градот Јакутс во Сибор веќе донираа злато и сребро кое ќе се стопи и ќе биде искористено за статуетката Оскар.
Медиумите пренесуваат дека ќе му биде изработен пехар и статуетка. Пехарот ќе биде златен, а Оскарот од сребро. Големината ќе зависи од собраниот материјал но се смета дека нема да биде помал од 30 сантиметри.
Кампањата се вика „Оскар за Лео“, а локален вајар веќе работи на прототип на статуетката.
Организаторите на кампањата на славниот актер веќе му упатиле покана да ги посети или да дојде на одмор во нивниот град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.