| четврток, 6 декември 2018 |

Карлеуша: Дечкото на Цеца е „женски Петко“

ceca karleu[aДодека Цеца со години молчи за својата „лута ривалка“ Карлеуша, Јелена секогаш сака да го коментира животот на Светлана.

-Карлеуша и нејзините соработници седеа во еден локал, па листајќи весници коментираа како сега цел месец нема да можат да живеат од Цеца и нејзиниот дечко Александар. А тогаш таа прокоментира: „Дечкото на Цеца е вистински женски Петко! Никој не ја оспорува неговата убавина, не никако не иде со неа“- посочила Карлеуша на средбата од која еден од присутните проговорил за српските весници.

Потоа продолжиле со озборување, дека таа брзо остарела, па гледајќи ги на фотографии во весниците коментирале како 16-те години разлика меѓу цеца и Александар се многу воочливи, за на крај да се шегуваат како помладото момче очигледно не и влијае добро бидејќи таа би требало да „процвета, а Цеца не делува така“.

„Војната“ меѓу нив двете трае уште од деведесетите, а според интензитетот кој никако да опадне, ќе се изнаслушаме уште многу „мрсни“ озборувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top