| четврток, 6 декември 2018 |

Како Бугарија годишно губи 25 до 26 декари од својата територија?

Како резултат на ронењето на работ на брегот од абразија во Црното Море, Бугарија годишно губи околу 25-26 декари од својата територија. Тоа во интервју за БТА го кажа вд.директорот во Институтот за океанологија во Варна, проф. Веселин Пејчев. Тој ни откри и дека брзината на овој процес по нашето крајбрежје не е еднаква.

Според експертот, проблемот со абразијата е еднаков низ целиот свет, но сеуште не постои универзален метод за спречување на процесот.

Абразија е ронење на бреговите под дејство на брановите и водените текови

Абразија е ронење на бреговите под дејство на морските бранови и водени текови, објасни проф. Пејчев. Постојат два вида. Едниот е абразија на брегот при која се ронат бреговите, а другиот е абразија на дното, при која се вдлабува самото дно, иако со помала брзина. Според него, абразијата е слично распространета во сите водни басени. По нашите брегови, таа продолжува во изминатите 10,000 години, откако се покачило нивото на Црното море. Во тој период е „сронет“ целиот гребен – некаде 30 до 40 километри од копното се спуштило во дното на морето заради тој процес.

На прво место меѓу главните фактори за појавата на абразијата е порастот на морското ниво, кое непрекинато се следи. Вториот фактор е содржината на геолошкиот состав на брегот – дали се тоа здрави скали или онакви кои полесно се ронат. Проблемот со абразијата е еднаков насекаде низ светот. Се уште не се доволни познавањата за морето, за режимските карактеристики на брановите, за теченијата, какви промени настануваат со движењето на наносите преку различни сезони. Нема доволни информации и затоа многу често се доаѓа до неефикасни решенија, објасни специјалистот.

При абразијата постои сезонски карактеристики. При силно влијание на бурите, кои преовладуваат преку есента и зимата, ронењето е поголемо. Преку летото тоа е минимално. Тоа зависи од брановата активност од каде доаѓаат причините за создавање на брановите – од каде дува ветерот и генерираните од него бранови.

Абразијата е со поголема брзина по северното отколку по јужното крајбрежје

Нашето крајбрежје е со различен геолошки состав, што врши влијание врз брзината на текот на процесите на ронење на бреговата ивица. По северното крајбрежје скалите се послаби и таму брзината на ронење е повисока, додека на југ од Бургас има здрави вулкански амгмени скали и таму брзината на ронење е ниска – некаде околу едех сантиметар годишно.

Нјавидливо е дејствувањето на брановите кај Крапец и Шабла, таму брзината на навлегување на морето во копното е помеѓу 1,70 до два метри годишно, затоа што брегот е составен од тресет.

Ронењето на Добруџанската работ на брегот е во просек 30 сантиметри годишно. По на југ – околу Балчишкиот и Варненескиот залив – брзината на абразијата е околу 10-15 саниметри годишно. Приближно иста е брзината на делување на морето и јужно од ртот Галата – 8-9 саниметри кај Равда и Несебар. Кај ртот Лахна, помеѓу Поморие и Бургас, таа достигнува околу два метри. Јужно од Бургас за целоот крајбрежје, таа брзина е просечно околу осум сантиметри годишно. Така што годишно Бугарија губи околу 25-26 декари територија заради навлегувањето на морето во копното и ронење на бреговите, објасни експертот.

Во светски размер, најсилна е абразијата каде бреговите се тресетишно, глинесто, или е изградено од песокливи глини. Такви области, на пример, има во Кина, по Каспиското море. Во Црното Море овие брзини на ронење се во споредба многу помали, но сепак не се пријатни.

– Борбата со абразијата е многу тешка, раскажува проф. Пејчев. Акциите за засилување на бгеовите се скапи и не секогаш и веднаш ефикасни. Најдобрата заштита се плажите, онаму каде има природни плажи енергијата на брановите се гаси во песокот и брегот останува зачуван. Така што, според праксата, многу добра заштита е изградбата на вештачки плажи. Кај нас праксата со такви плажи е скромна. За пример се плажите по крајбрешната линија на Варна помеѓу браните, тие се вештачки изградени преку методот „бајпас“. За нивната изградба беше земен песок од длабочина од 10-15 метри од морето и поставен врз брегот. Така беа создадени тие плажи кои го спасија ронењето на брегот кај Морската градина во Варна, појасни експертот.

Не веднаш применетите методи за зацврстување на брегот се ефикасни, затоа што морето работи врз аплицираните содржини и понекогаш ги руши. Токму затоа е неопходна поддршка која најчесто не се прави. изградени се хидротехнички содржини, а потоа за нивната експлоатација и ремонт во пракса никој не се грижи, додека не настанат некои хаварии, објасни Пејчев. Според него, тешко е да се каже дали судирот на струите со тетраподите се ефикасно средство за спасување на бреговите. Причината за тоа е што од една страна проторото зад тој брег се зачувува, но од друга страна се рони уште повеќе. Освен тоа, тие се изградени на еден таков принцип кој го дестабилизира брегот. Од една страна тие треба во себе да задржуваат наноси за да се зачува брегот, од друга страна сакаат да ги искористат како мали пристаништа, а тоа значи во нив да нема наноси. Има повеќе противречности во самата нивна функција кога се одлучувало тие да бидат изградени. Тие содржини не се доволно ефикасни, смета професорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top