| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто сите сакаат да живеат во Германија? Минималната сатница е 8,50 евра

Платите во Германија во 2015 година пораснале за 2,5 отсто реално, односно приспособено на стапката на инфлација, ова е највисок скок во последните осум години.

Статистичкиот завод во Германија објави дека платите пораснале благодарение на нискиот индекс на потрошувачките цени.

Номинално, платите на Германците пораснале за 2,8 проценти, а инфлацијата била 0,3 отсто.

Инаку, Германија воведе законска минимална заработка од 8,50 евра на час од први јануари 2015 година. Во согласност со очекувањата на аналитичарите економијата на Германија минатата година оствари пораст од 1,7 отсто, што е рекордно зголемување во изминатите четири години.

Германија е локомотива на комплетната европска економија, а претходните три години оствари економски пораст од 0,3, 0,4 и 1,6 отсто.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top