Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер смета дека треба да се изготви нова „стратегиска концепција на американско-руските односи, во чии рамки ќе можат да се решат спорните прашања“.
Тој констатира дека сегашните односи меѓу Русија и САД се „можеби најлоши по завршувањето на Студената војна.
– Меѓусебна доверба не постои, а според повеќето аналитичари двете земји започнале нова Студена војна, смета Кисинџер.
Тој вели дека главната опасност денес „не ја гледа толку во враќањето кон воена конфронтација, колку што кај двете страни постои самоостварувачкото пророштво за неминовно влошување на односите“.
Како извор на опасност тој го наведува „зголемениот број неконтролирани територии и предупредува дека со ваквиот проширен вакуум во власта не може да се соочи ниту една држава, без разлика колку е моќна“.
– За да се постигне целта неопходна е трајна соработка меѓу САД, Русија и другите водечки сили, истакна поранешниот шеф на американската дипломатија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.