| четврток, 6 декември 2018 |

Еве како да си составите дневно мени

Дневните енергетски потреби за просечно возрасно лице се 8400 кЈ или 2000 kcal.
Долната табела ви покажува како правилно да ги распределите дневните енергетски потреби меѓу појадокот, ручекот и вечерата (30%/40%/30%). Покрај тоа, ве насочува колкаво учество треба да имаат мастите, протеините и јаглехидратите во секој оброк и во задоволувањето на дневните енергетски потреби.
Оброк Дневни енергетски потреби (ДЕП) Масти
(25–30% од ДЕП)
Протеини
(10–15% од ДЕП)
Јаглехидрати
(55–75% од ДЕП)
Појадок
(30% од ДЕП)
600 kcal 18 g 22 g 112 g
Ручек
(40% од ДЕП)
800 kcal 24 g 30 g 150 g
Вечера
(30% од ДЕП)
600 kcal 18 g 22 g 112 g
ВКУПНО 2000 kcal 60 g 74 g 374 g
Оптимално учество на нутриенти при дневен внес на 2000 kcal
Во зависност од возраста, полот и нивото на физичка активност, вашите дневни енергетски потреби можат да бидат повисоки или пониски од наведениот просек од 2000 kcal. За индивидуализирана пресметка на вашите дневни потреби за енергија, јаглехидрати, масти и протеини, како и препорачаниот сооднос меѓу главните оброци можете да изработите ваш личен профил на препорачана исхрана – со внесување на податоци во алатката што е дадена на десната страна од оваа веб-страница.
Откога ќе ги утврдите вашите дневни потреби за енергија, можете да ја употребите долната табела која го прикажува составот на некои прехранбени производи и да си подготвите дневно прехранбено мени.
од делот за јадење Вода Протеини Масти Јаглехидрати
Свеж зеленчук
компир 77,8% 2% 0,1% 19,1%
домат 94,1% 1% 3% 4%
сок од домати 93,5% 1% 0,2% 4,3%
пиперка (зелена) 92,4% 1,2% 0,2% 5,7%
тиквица 95,2 % 0,5 0,2 1,9
морков 88,2 1,2 0,3 9,3
зелка 92,1 1,4 0,2 5,3
зелка 92,1% 1,4% 0,2% 5,3%
карфиол 91,7% 2,4% 0,2% 4,9
целер 93,7% 1,3% 0,2% 3,7%
кељ 86,6% 3,9% 0,6% 7,2%
млад грашок 74,3% 6,7% 0,4% 17,7%
млад грашок 74,3% 6,7% 0,4% 17,7%
спанаќ 92,7% 2,3% 0,3% 3,2%
кромид 87,5% 1,4% 0,2% 10,3%
цвекло 87,6% 1,6% 0,1% 9,6%
Варива
грав 10,5% 22% 1,5% 61,1%
леќа 10% 25,7% 1% 59,2%
грашок 10% 24,5% 1% 61,7%
Свежо овошје
јаболка 84,1% 0,3% 0,4% 14,9%
кајсија 85,4% 1% 0,1% 12,9%
цреши 87% 1,3% 0,5% 13,3%
лимон 89,3% 0,9% 0,6% 8,7%
грејпфрут 88,8% 0,5% 0,2% 10,1%
портокал 87,2% 0,9% 0,2% 11,2%
круша 82,7% 0,7% 0,4% 15,8%
праска 86,9% 0,5% 0,1% 12%
слива 85,7% 0,7% 0,2% 12%
јагоди 90% 0,8% 0,6% 8,1%
За пресметка на енергетската вредност на одредени хранливи состојки можете да ја користите табелата десно.
Вид храна Енергетска густина          
Масти 9 kcal/g            37 kJ/g
Протеини 4 kcal/g            17 kJ/g
Јаглехидрати 4 kcal/g            17 kJ/g
Oргански киселини 3 kcal/g            13 kJ/g
Слатки 2,4 kcal/g            10 kJ/g
Алкохол 7 kcal/g            29 kJ/g

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top