| четврток, 6 декември 2018 |

Камила Херем: Сакам со Вардар да ја освојам Лигата на шампионите

Women's Handball World Championship in Denmark

ЖРК Вардар од следната сезона во своите редови ќе ја има и првата Норвежанка, Камила Херем, која настапува за Холстебро, и ја урна бариерата да дојде во еден македонски клуб. Меѓутоа, таа вели дека ЖРК Вардар е веќе исклучително почитуван клуб во европски рамки, а нејзиниот мотив да дојде во Скопје да се обиде да ја освои Лигата на шампионите.

– На таква понуда едноставно морав да кажам „Да“. Не сум веќе така млада, кариерата минува, а ова дефинитивно е предизвикот што го чекав. ЖРК Вардар е клуб од европски ранг и за мене ќе понуди нови можности. Досега не сум играла ниту на фајналфор, а одам таму за да ја освојам Лигата на шампионите – вели 29-годишната Камила Херем за норвешките медиуми.

Покрај Херем, ЖРК Вардар и официјално потврди дека и Французинката Александра Лакрабер е ново засилување за клубот за следната сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top