| четврток, 6 декември 2018 |

Каквo име и даде оваа мајка на својата ќерка?

Млада Сиријка која се породила во Славонски Брод, Хрватска, својата ќерка ја именувала Кроација, јавуваат медиумите во таа земја. Името го добила благодарение на тоа што луѓето од таа земја и помогнале да се породи.

bebe-spie-640x427

– Трудницата дојде без придружба и роди преубаво девојче. Тоа е нејзино седмо дете. Детето беше тешко 4.130 грама и долго 54 сантиметри. Породувањето мина без компликации. Изјави дека сите во Хрватска се однесувале многу убаво со неа и затоа на своето дете решила да му даде име Кроација – изјавија вработените во болницата во Славонски Брод.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top