| четврток, 6 декември 2018 |

„Сител“, „Канал 5“, „Алфа“, „Алсат-М“ и „Телма“, бараат поддршка на нивниот предлог за медиумите

„Сител“, „Канал 5“, „Алфа“, „Алсат“ и „Телма“, петте национални телевизии здружени во Македонската медиумска асоцијација бараат четирите најголеми политички партии да го поддржат нивниот предлог за медиуми и за истиот да се расправа.

Македонската медиумска асоцијација-ММА (Сител, Канал 5, Алфа, Алсат и Телма) имаа вонреден состанок на тема регулирање на медиумската сфера во Македонија и сметаат дека нема потреба од менување на постоечкиот закон од медиумската сфера кој е со европско знаменце и е донесен пред 20-тина месеци.

Тие пред два дена на средбата со премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев ги искажаа своите ставови.

Она што треба да се направи според ММА е да се инкорпорираат во постоечкиот закон нивните предлози кои, пред се, се однесуваат на намалување на казните и на регулирањето на авторските права кај кабелските оператори.

– Од името на петте национални телевизии сметаме дека овој закон е сосема доволен со инкорпорирање на нашите барања кои пред се се однесуваат на намалувањето на драконски високи казни и регулирањето на авторските права кај кабелските оператори, изјави Иван Мирчевски.

Тој додаде дека се подготвени да ги достават нивните предлози до Владата и до сите политички партии.

– Сметаме дека тоа се вистинските измени кои ќе донесат разрешување на накаква нејасна позиција на медиумите, рече Мирчевски.

За петте национални телевизии е прифатлив и изборниот кодекс за однесување за време на изборите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top