| четврток, 6 декември 2018 |

Секс-тајни на мажите

Мажите имаат многу тајни, исто како и ние. Ова се само дел од нивните тајни за кои тој не сака да дознаете.

hitportal-mazi

1.Тој гледа порно – можеби и премногу

Еден од пет мажи, секојдневно се насладува на порното. Мажите сакаат да гледаат голи женски тела и многу лесно можат да станат зависни од еротските клипчиња и филмови.

Дали да реагирате?

Да гледа порно понекогаш не е никаков проблем, додека тоа не ви пречи во сексуалниот живот. Ако тој започне да одбива секс без причина, тогаш треба да бидете загрижени. Доколку решите да поразговарате со него на таа тема, изберете го правилниот начин да го направите тоа. Не му викајте и не се расправајте, бидете смирени и рационални. Можете да му предложите да гледате еротски филмови заедно. Експертите тврдат дека тоа може да го подобри вашиот сексуален живот.

razliki-vo-ljubomorata-kaj-mazhite-i-zhenite-187988

2.Дури и да живеете заедно, тој сè уште мастурбира. Околу 20% од мажите не се откажуваат од мастурбирањето, дури и да живеете заедно. Точно 33% од нив го прават тоа 3 пати неделно, најчесто додека се тушираат.

Дали да реагирате? Зависи од тоа колку оваа негова навика влијае врз вашиот сексуален живот. Мастурбацијата е нормална, но ако тој започне да има проблем да достигне оргазам додека е со вас, тогаш имате проблем. Има мажи, кои имаат 2 пати месечно секс со нивната партнерка, а мастурбираат 20-25 пати месечно. Ако се сомневате дека слична е ситуацијата и со вас, обидете се да му ги привлечете рацете само кон вас. Направете му стриптиз, иницирајте почесто секс или споделете со него некоја ваша фантазија.

sexy-astrology-kolku-ste-seksi-1

3.Прави споредба меѓу вас и неговата бивша. Најчесто мажите прават споредба за тоа како изгледате, колку добро се сложувате со нивните пријатели и како се претставувате во креветот. Но, тоа и не е толку лошо.

Дали да реагирате? Најверојатно нема потреба, затоа што ако тој е со вас, значи веќе заклучил дека вие сте најдобрата за него. Но, ако тој често ви прави забелешки од типот „бившата никогаш не правеше така”, тогаш треба да се замислите дали тој продолжил понатаму од претходната врска.

А еве и неколку секс тајни кои мажите сакаат да ги знаете 

seks-sovets

Тој сака девојка која знае да се запали сама

На жените им е потребно повеќе време за да се возбудат и повеќето од вас тоа го сфаќаат како работа на мажот.  За да му дадете поттик на либидото, направете ги истите работи кои ги правите кога се самозадоволувате Затворете ги очите и мислете на вашиот партнер или дури и на друго момче кое ве возбудува, но тоа нормално не кажувајте му го на вашето момче.

Тој сака забавен секс

За жал, сексот во вистинскиот живот не е ист како оној на филмовите. Работите не секогаш одат во најдобар ред, а некои пози не функционираат. Ако се фокусирате на тоа се ќе расипете, но ако се насмеете двајцата тогаш тоа ќе стане забавен момент.

Доколку вашиот партнер случајно ви ја удри главата при пробување на нова поза, не реагирајте бурно, само насмевнете се, па следниот пат ќе знаете каде сте погрешиле и ќе го сторите тоа правилно.

seks-735x400

Тој сака да ужива во глетката

За мажот, тоа што го гледа е речиси исто толку добро колку она што го добива, па затоа подарете му убава глетка. За промена вечерва одведете го пред огледалото и уживајте гледајќи се додека имате секс. Тој ќе биде воодушевен.

Друг начин да го возбудите е да оставите некое парче облека на вас. Мажите сакаат кога имаат простор за фантазија, па секси долна облека на вас не би било воопшто лош избор. Исто така одберете некоја поза со која вие сте врз него, чувствувајте се самоуверено и допирајте се по телото, тој ќе ужива.

Понекогаш сака ништо да не прави

Вие да ја започнете акцијата, тој само да лежи, а вие да го диктирате темпото е една од најголемите машки фантазии.

За промена фрлете го на креветот, не дозволувајте му да ви ја соблече облеката или да стори нешто, сами соблечете си го градникот и со него врзете го за креветот и потоа дадете му го најдобриот орален секс кој некогаш го имал.

Или легнете го сосема гол на креветот и бакнувајте го по секој дел од телото што ќе посакате, а верувајте сето ова ќе ви се исплати подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top