„Плејбој“ влезе во нов период од својот развој, откако денес на пазарот се појави првиот број на списанието без целосно голи фотографии на жени. Ова е една од промените со цел зголемување на тиражот на списанието, како и приближување до помладата генерација.
Списанието ќе биде отпечатено на полуксузна хартија, а од него ќе отпаднат вицовите и карикатурите. Со исклучок на ова, се чини дека тоа си е стариот „Плејбој“, но без голите фотографии.
Насловната страна на првиот број е со ѕвездата на социјалните медиуми Сара МекДаниел, а таа изгледа повеќе како порака во „Snapchat“.
Главниот извршен директор на списанието Скот Фландерс вели дека отсекогаш сакал „Плејбој“ да изгледа вака. Според него, во моментов „Плејбој“ повеќе е списание од категоријата на „Vanity Fair“, отколку на „GQ“ или „Maxim“.
Покрај бројните откажувања од претплатници по објавувањето на промените, во списанието се позитивно настроени, бидејќи на тој начин се очекува да привлечат многу нови реклами.
Првпат во последните 20 години, во „Плејбој“ ќе се рекламира автопроизводител од Детроит, а тоа е „Dodge“ соопштува „CNNMoney“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.