| четврток, 6 декември 2018 |

Медиумска регулација за опозициска доминација

179-NASLOVNA

Во новиот број на неделникот Република, кој е во продажба од утре 5 февруари 2016 година, ќе читате:

 

Непристоен предлог

Медиумска регулација за опозициска доминација

Ме­ди­ум­ска­та за­ед­ни­ца ре­а­ги­ра­ше на пред­ло­гот да се тр­гнат ме­ди­ум­ски­те ра­бот­ни­ци од си­сте­мот на кон­тро­ла­та на ме­ди­у­ми­те, а на­ме­сто нив да се вклу­чат та­ка­на­ре­че­ни­те „нев­ла­ди­ни“. Нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции, спо­ред ма­ке­дон­ски­те спе­ци­фи­ки, не се ни од да­ле­ку не­за­вис­ни, ни­ту не­при­страс­ни или апо­ли­тич­ки. На­про­тив, во Ма­ке­до­ни­ја, под за­кри­ла на НВО, а фи­нан­си­ра­ни (по­го­ду­ва­те?) од па­ри­те од Со­ро­со­ва­та фон­да­ци­ја, дејс­тву­ва­ат нај­мал­ку се­дум ме­ди­у­ми, број­ка по­со­че­на од по­ра­неш­ни­от прв чо­век на фон­да­ци­ја­та. Исти­от тој Со­рос се ја­ви ка­ко ор­га­ни­за­тор на про­те­сти­те на СДСМ. Точ­ка­та во пред­ло­гот де­ка пр­ви­от чо­век на Аген­ци­ја­та за ме­ди­у­ми (Аген­ци­ја­та за ау­дио и за ау­дио-ви­зу­ел­ни ус­лу­ги) ќе има уло­га на бог, го вклу­чу­ва алар­мот. По не­го­во ви­ду­ва­ње, над­вор од се­ко­ја кон­тро­ла и без об­јас­ну­ва­ње, ќе мо­же да изре­ку­ва­ат каз­ни за ме­ди­у­ми; тоа вед­наш би се при­ме­ну­ва­ло, а до­кол­ку ме­ди­у­мот се по­жа­ли, Со­ве­тот ќе разг­ле­ду­ва, но тоа не­ма да ја од­ло­жи каз­на­та. Ако се зе­ме пред­вид де­лот што го пред­ло­жи СДСМ, да се каз­ну­ва по сло­бод­на про­це­на, „при­страс­но и на­ви­вач­ко од­не­су­ва­ње“ без де­фи­ни­ции за тоа, то­гаш на ме­ди­у­ми­те во Ма­ке­до­ни­ја цр­но им се пи­шу­ва. Ли­ста­та за от­стрел ве­ќе е на­пи­ша­на и јав­но об­ја­ве­на лич­но од Зо­ран За­ев.

 

Барањето одговори не е хајка

Јанева должи отчет за работата

Никој не смее да ја оспори борбата против криминалот, без разлика дали се гонат политичари, функционери, опозиционери или кој било друг тип криминалци во државата, но институциите мора да ги убедат и судот и јавноста дека тоа го прават непристрасно и со строго почитување на законите. Ова особено треба да го има на ум Специјалното обвинителство, чиј легитимитет е сериозно оспоруван уште од своето формирање, се разбира, ако има намера да го оправда своето постоење и да ја заслужи довербата на граѓаните. Евентуалното силување на законите, кршењето на човековите права и импровизациите во начинот на собирање докази во ниту еден случај не смее да се користат како механизам за пресметка со лицата под истрага, не само поради недовербата што се создава во јавноста, туку и пoради реалната опасност предметите да паднат на суд, а потенцијалните криминалци да се извлечат од одговорност поради пропусти во истрагата.

 

Специјален џокер

СДСМ ја вади последната карта од ракавот

СДСМ е ири­ти­ран од де­се­ти­ци­те фа­бри­ки кои бла­го­да­ре­ние на стран­ски­те и на до­маш­ни­те ин­ве­сти­ции ги отво­ри­ја нив­ни­те по­ли­тич­ки опо­нен­ти. Уште по­ве­ќе ги ја­де отво­ра­ње­то на ил­јад­ни­ци­те ра­бот­ни ме­ста, за­што тоа би­ло под­ми­ту­ва­ње на гра­ѓа­ни­те, но глав­ни­от проб­лем е за­тво­ра­ње­то на фа­бри­ка­та на Ча­у­шот. Пал­ка­та ја пре­зе­де Спа­сов­ски, но Гер­ман­ци­те го за­молк­наа со доз­во­ли­те. На по­тег ли е за­бре­вта­на­та „Спе­ци­јал­на фа­бри­ка за афе­ри“ на СЈО, ко­ја ги ко­ри­сти ме­то­ди­те на Ге­ста­по во рас­пи­тот на све­до­ци­те?

 

И годинава во УЈП во пет до 12?

Осигурување и спортска не, К-15 мора да се пријави

И до­де­ка дел од лу­ѓе­то зна­ат да­ли тре­ба или не тре­ба да под­не­сат ГДП, сè уште има гра­ѓа­ни кои се во не­до­у­ми­ца да­ли не­кои при­хо­ди под­ле­жат на об­вр­ска­та за при­ја­ву­ва­ње во УЈП или не. „Зас­луж­ни“ за ва­кви­те ди­ле­ми се број­ни­те не­точ­ни, не­дос­луш­на­ти или не­до­раз­бра­ни  ин­фор­ма­ции, иа­ко УЈП пре­циз­но има об­ја­ве­но што тре­ба, а што не тре­ба да се при­ја­ви. Ед­на од ди­ле­ми­те е да­ли тре­ба до­би­вка­та од об­ло­жу­вал­ни­ца да се при­ја­ви или, пак, исп­ла­те­на су­ма од оси­гу­ри­тел­но друш­тво на име на­до­мест на ште­та. Над­леж­ни­те од УЈП ин­фор­ми­ра­ат де­ка во овие два слу­ча­ја, гра­ѓа­ни­те не­ма­ат об­вр­ска да под­не­сат ГДП, но за­тоа пак, уште ед­наш наг­ла­су­ва­ат де­ка ка­ко и ми­на­та­та та­ка и оваа го­ди­на се­кој што при­мил ре­грес за го­ди­шен од­мор во 2015 го­ди­на, по­пу­лар­но на­ре­че­ни­от К-15, има об­вр­ска исти­от да го при­ја­ви.

 

Из­бо­ри САД

Су­дир ме­ѓу со­ци­јал­на и кор­по­ра­тив­на Аме­ри­ка

Ре­зул­та­ти­те од пр­ви­от на­стан од аме­ри­кан­ска­та из­бор­на тр­ка до­би­е­ни по из­бо­ри­те во др­жа­ва­та Ајо­ва по­ка­жаа де­ка во нај­моќ­на­та др­жа­ва на све­тот се во­ди остра би­тка ме­ѓу две­те Аме­ри­ки. На ед­на­та стра­на е гра­ѓан­ска, со­ци­јал­на Аме­ри­ка, а на дру­га­та кор­по­ра­тив­на Аме­ри­ка под­др­жа­на од по­ли­тич­ки­те ели­ти. Иа­ко кан­ди­да­тка­та на де­мо­кра­ти­те Хи­ла­ри Клин­тон по­бе­ди, а до­то­гаш во­деч­ки­от во ре­пуб­ли­кан­ски­от кам­пус До­налд Трамп е втор, оп­шти­от впе­ча­ток е де­ка Аме­ри­ка на овие из­бо­ри има шан­си да се вра­ти на из­вор­на­та де­мо­кра­ти­ја ка­де што за тоа кој ќе ги во­ди САД до 2021 го­ди­на не ре­ша­ва­ат па­ри­те и по­ли­тич­ка­та моќ ту­ку гра­ѓа­ни­те и нив­ни­те гла­со­ви.

 

Интервју, Пепи Манасков

Патот до Рио нема да биде лесен

Да не се залажуваме дека Македонија би можела лесно да се пласира на Олимпијадата во Рио. Полска е домаќин и е главен фаворит. И покрај лошиот настап на ЕП, Полска мора пред домашната јавност да покаже дека знае да игра ракомет. Иако двете првопласирани репрезентации од квалификациската група ќе се пласираат на ОИ, Тунис воопшто не е слаба репрезентација. Го има Жалус, кој настапува во составот на Барселона, а ги видовме неговите квалитети во натпреварите од ЛШ против Вардар. За да се направи некаков историски успех, сите репрезентативци мора максимално да се подготват, индивидуално, во периодот што следува, бидејќи во април нема време за репрезентативни подготовки. Тоа ќе биде само собир од една недела и ќе се патува за Полска. Освен, можеби, некои нови тактики и вклучување на уште некои помлади играчи, нема простор за друго, вели Манасков во интервју за Република.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top