| четврток, 6 декември 2018 |

Сурова реалност: по оваа фотографија никогаш повеќе нема да ѝ завидувате на Адријана Лима

Нејзиниот живот изгледа како сон, но само од далеку.

adriana_1454524023_670x0

Имено, Адријана на нејзиниот профил на „Инстаграм“ споделила фотографија што ја открива и другата страна на медалот. Супермоделките мора да работат и кога се тешко болни.

-Ова не е жалење, само сакам со вас да споделам дел од мојот живот. Понекогаш, луѓето претпоставуваат дека работата на моделите е лесна, а тоа не е вистина, бидејќи ние работиме како и сите други луѓе. Денес имав работен ден од 10 часа, се фотографирав  а имам тешка настинка, постојано кашлам и имам тешки главоболки. Тоа не ме запре да го работам тоа што го сакам. Завршив, отидов на аеродром и побрзав дома да ги видам моите две принцези. Летот ми доцнеше три часа од Њујорк за Мајами, па така стигнав дома  водва часа по полноќ – среќна сум што сум тука. Сакав со вас да го споделам лицето на моделот по напорен ден, како и да укажам дека не сум единствената. Се надевам дека мојата порака нема погрешно да ја сфатите. Ве сакам сите – напишала Лима.

лилили

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top