| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на грчкиот бенд Астреј и електронскиот музичар Б.Атл во „Кула“

Во културниот центар „Кула“ ќе гостува грчкиот бенд „Астреј“ и скопскиот музичар и ди-џеј Б.Атл. Настанот ќе се одржи на 5 февруари (петок), со почеток во 20.00 часот.

„Астреј“ е грчки рок-бенд, кој се формира во 2007 год. во Солун. Во 2013 год. го издаваат своето прво и-пи издание и во 2016-та год. прават мини-турнеја низ балканските земји, меѓу кои е вклучена и Македонија. Нивниот музички звук е под влијание на музиката на Cathedral, Orange Goblin, Kyuss, Black Sabbath.

Б.Атл е скопски ди-џеј познат по неговите експериментални музички вечери во „Ла Кања“. Напоредно со неговиот ди-џеј активизам тој создава авторска музика под истиот псевдоним. Како предконцертно загревање за Астреј, Б.Атл ќе ја отвори вечерта во Кула со неговиот настап.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top