| четврток, 6 декември 2018 |

„Икона“ ја издаде „Имаше многу коњи“ на популарниот бразилски автор Луиз Руфато

Издавачката куќа „Икона“ утре, 5 февруари организира промоција на наградуваната книга „Имаше многу коњи“ на авторот Луиз Руфато, добитник на престижната награда на Бразилската национална библиотека Мачадо де Асис и наградата APCA за најдобар роман во 2001 година.

dcebb901-067a-4759-8d4b-c679664abf26

Авторот ќе биде присутен и ќе се обрати на промоцијата која ќе се одржи на 5 февруари во 19.30 часот во книжарницата на „Икона“ на приземјето во „Сити мол“. Промотор е професорот  Александар Прокопиев.

„Имаше многу коњи” е дело за кое писателот Луиз Руфато вели дека не е типичен роман, туку некој вид на литературна инсталација и почит кон Сао Пауло. Се работи за проза со нелинеарна структура, составена од 70 фрагменти. Сите фрагменти се случуваат на ист ден (5.9.2000) во градот Сао Пауло. Структурата на книгата (недостатокот од неа) се рефлектира од неможноста да се репродуцира коплексноста и динамиката на градот.

Насловот на романот е алузија на поемата на бразилската поетеса Сеслија Меирелес, насловена „Dos Cavalos de Inconfidencia“.

Идејата за романот дошла од волјата на Руфато да оддаде почест на Сао Пауло, бразилската метропола која дочека толку многу емигранти каков што е и самиот писател.

Руфато е роден e во 1961 година, во Катагуасес, Бразил. Луиз Руфато израснал во сиромашно семејство на емигранти. Тој, покрај другите работи, работел како текстилен работник, металостругар, а, исто така, студирал и новинарство. Во 2001 година, дебитира со романот „Имаше многу коњи“.

Пофален за неговиот живописен приказ на урбанизацијата на родниот град на авторот, Сао Пауло, книгата направи револуција во бразилската книжевност и освои признанија од критиката, како и голем број на награди, меѓу кои наградите на Бразилската национална библиотека Мачадо де Асис и наградата APCA за најдобар роман. Жирито на литературни критичари на весникот „О Глобо“ ја прогласи книгата – која сега е преведена на германски, шпански (во Аргентина и Колумбија), француски и италијански, а, исто така, е објавена и во Португалија – дека е една од десетте најдобри бразилски книги во последниве децении.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top