Рускиот магазин „Њу Тајмс“ објави фотографии од постарата ќерка на рускиот претседател Владимир Путин, ризикувајќи да биде забранет!
Марија има 30 години, а студирала медицина. Живее во пентахаус кој се наоѓа недалеку од американската амбасада во Москва, се наведува во текстот на магазинот кој од Кремљ добил опомена и прв „жолт картон“, објавувајќи детали од приватниот живот на членовите на семејството Путин.
Ова се први фотографии од Марија објавени во јавност, откако нејзиниот татко дојде на власт пред повеќе од 15 години. Официјален Кремљ ниту ги демантираше, но ниту ги потврди наводите од текстот во магазинот каде се тврди и дека Марија е во брак со еден холандски бизнисмен со кој има ќерка. Тоа значи дека Путин има внука.
Рускиот претседател пред неколку години се разведе од сопругата Људмила со која има две ќерки, Марија и Катарина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.