| четврток, 6 декември 2018 |

Во Илинден пуштена во употреба фекална канализација со пречистителна станица

ilinden

Во населбата Илинден изградена е фекална канализација со пречистителна станица со капацитет за 1.250 жители, односно за приклучување на 330 домаќинства.

Исто така, изграден е и канализациски систем во должина од 3.500 метри.

Вкупната вредност на овој проект изнесува 30 милиони денари, кои се обезбедени од буџетот на општина Илинден.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денес излезе на терен да направи увид, а градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски, го информираше за сето она што досега е направено.

Како што истакна градоначалникот, ова е трет сегмент кој прочистува комунални води.

-Ова е дел од инвестицијата, а како модул ќе се користи да се завршат сите сегменти во општина Илинден. Од ваквите проекти сите жители на општината имаат придобивки, а овие модуларни системи се покажаа многу ефикасни и ефективни- подвлече Стојановски.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, потенцираше дека досега ниту една Влада не посветила толкаво внимание за изградба на водовод и канализација.

Тој истакна дека до сега се изградени преку 40 вакви системи низ разни општини и додаде дека со вакви проекти општина Илинден станува подобро место за живеење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top