| четврток, 6 декември 2018 |

Излезе на виделина темната страна на Ражнатовиќи (фото)

Иако важат за ѕвезди и нивните маани ретко се изнесуваат и тие знаат да бидат и тоа како непријатни кон „обичните“ луѓе.Последната во низа вести околу кланот Ражнатовиќ е онаа за сведоштво на анонимна девојка која ја изнела темната страна на ова семејство.

цецавељкотемни

Војин Ражантовиќ, синот на Аркан од првиот брак, нема убаво мислење за цеца и нејзините деца. А тој дури успеа да  го доведе во прашање и мислењето на голем број на обожавателите на пејачката. Една девојка имала доста огорчена објава на Фејсбук која ја споделил и Војин Ражанатовиќ на неговиот профил. Ја обожувала Цеца, а тогаш, како што вели, ги запознала манирите на Вељко.

83661

Го пренесуваме нејзиниот статус во целост:

-Здраво Војин, веќе неколку години ги следам твоите објави и просто не можам да верувам во сето тоа што го пишуваш. Јас сум голема обожавателка на Цеца, пораснав со нејзините песни, одев на концерти кои бил и надвор од Белград но со тек на време, читајќи ги твоите објави тоа се изгледа полека се менува. Ако нешто може да ме нервира тоа е неправда и лага. Иако бев дете, многу малечка кога загина твојот татко, ја запаметив таа ноќ која чичко ми и кажа на мајка ми што се случило. Моите го сакааа како и сите други во Босна и Белград, не о сметаа за криминалец како што денес многумина зборуваат. Имав можност да седам покрај Вељко и Анастасија во кафеана во која често излегуваат. Момче кое влегува толку дрско како да е целиот свет негов, само за да привлече внимание и сите да се свртат по него. Седеше зад мене во тоа прилика и во ниту еден момент не се заврти и кажа:Извини можеш ли да се поместиш да поминам?! Туку повеќе пати случајно ме удри додека поминуваше и ја прерипуваше мојата пријателка. Толку бев лута и разочарана што ми дојде да станам и да му кажам неколку работи но кога подобро ќе размислам зошто па јас тоа би го правела, кога неговата мајка не ги воспитала како што е ред?!Нема да ја заборавам славната реченица кога му го славеше осумнаесеттиот роденден на Вељко и ијзавидека нејзините деца растеле со хендикеп. Нејзините деца не се мачеа, не беа гладни ниту жедни, имаа се, а таа прави драма од сето раскажувајќи една те иста приказна со години. Навистина не знам што да ти кажам, можеби е и глупо што ти изнесов некои мои мислења но многу сум разочарана. Гледав во неа како во икона, толку ја почитував, сметав дека е хумана и искрена личност, во друштво кога многумина збореа дека е крадец јас ја бранев како да ми е родена мајка. Повеќе не одам на нејзините страни, не ги слушам нејзините песни, всушност сето тоа и таа жена е само една маска за глупавиот народот. Вистината кога тогаш излегува на виделина, те поддржувам како и многумина други и знам дека не ти е лесно да и се спротивставуваш на една таква жена која има јак грб но биди упорен, силен, издржи!

88888

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top