Од први февруари почна пријавуањето за вториот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“. Најдобриот македонски спортист, Кирил Лазаров, минатиот јуни 2015-та година во организација на агенцијата КМГ Спорт го промовираше својот прв ракометен камп „Кирил Лазаров 7“.
Кампот лани се одржа во Охрид. Иако беше планирана бројка од 120, поради големиот интерес на кампот учествуваа 150 момчиња и девојчиња на возраст од 10-18 години од Македонија, но и надвор од границите на нашата држава.
-Задоволството на сите учесници од организацијата на минатогодишното издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ на кое партиципираа 150 момчиња и девојчиња од Македонија се наметнува како обврска за сите нас што сме вклучени во овој проект, оваа 2016- та година да го подигнеме нивото на организација за едно скалило погоре. Тука пред се мислам на подигање на условите за тренинг и развој, тренери и гости од кои навистина ќе има што да се слушне и види како и во делот на дружење и забава на учесниците. Подготовките се во полн ек, а од први февруари стартуваше и пријавувањето за учество на кампот кој оваа година е планирано да се одржи во две смени. Во иднина самиот камп ќе го добие префиксот интернационален имајќи предвид интересот за учество на кампот од земји од сосоедството и Европа – изјави Лазаров.
Во 2016 година е предвидено кампот да биде интернационален и на него да патртиципираат 250-300 момчиња и девојчиња на возраст од 10-18 години од регионот но и пошироко, поделени во две смени и тоа: прва смени од 17 до 23 јуни и втора смена од 24 до 30 јуни.
Кампот како проект е планиран да биде еден вид на база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба во секоја смисла на зборот (во делот на спортот, едукација за здрава исхрана, спортски бон-тон итн.). Во период од седум дена секое лето најдобриот светски десен бек Кирил Лазаров, сегашни и бивши репрезентативци, големи имиња од светот на ракометот и наједуцирани македински и европски тренери ќе имаат свое место во мозаикот на ракометниот камп. Според програмата која е предвидена сите членови на кампот ќе имаат максимални услови, опрема и стручна помош за усовршување, едукативни предавања за здрава исхрана, дружење и многу забава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст