Иако живееме во 21 век, меѓу народот се уште се широко распространети народни верувања, кои немаат никаква потврда во науката, но го контролираат животот на голем дел од луѓето. Ова се дел од нив:
Гостите од куќата не треба сами да изнесуваат подароци
Никому, па ни на најдобрите пријатели не треба да им дозволите изнесување на предмети од куќата. Ако некому сакате нешто да подарите, сами изнесете го предметот и предајте го на врата или на улица. Ако дозволите на гостинот да изнесе нешто од вашата куќа, се толкува дека свесно сте му дозволиле да ја изнесе благосостојбата од вашиот дом.
Ако ве чеша десна рака
Старо верување е дека парите ќе ви заминат ако ве чеша десната дланка.
Ако ве чеша лева рака
Ако ве чеша лева рака
Чешањето на лева рака значи дека ќе ви дојдат пари.
Ако ве чеша нос
Ќе се карате.
Треба да избегнувате истовремено да ги сечете ноктите на рацете и нозете
Ако ве чеша нос
Ќе се карате.
Треба да избегнувате истовремено да ги сечете ноктите на рацете и нозете
Ако истовремено ги сечете ноктите на рацете и нозете вашиот дом ќе го погоди несреќа или тага.
Ноктите не се сечат во туѓа куќа
Ако некој гостин, без претходен договор со вас, сече нокти во вашата куќа, знајте дека ви посакаува неслога и караници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.