| четврток, 6 декември 2018 |

Кое овошје е добро за вашата кожа?

Овошјето е богат извор на влакна и витамини, го зацрвствуа организмот и му дава енергија. Има исклучителни корисни ефекти за кожата. Кои се седумте овошки кои се волшебни за нашата кожа?

Банани

Многу се хранлици за кожата бидејќи содржат витамини Б и Ц, а исто така се богат извор на калиум кој ја омекнува, затегнува и ја тонизира кожата. Од нив може да се направи маска за лицето.

Јаболки

Тие одлично ја тонизираат и ја затргнуваат кожата, а освен тоа ја стимулираат циркулацијата. Имаат и антиоксидантни својства. Јаболковиот оцет е корисен за косата, а спречува и појава на првут.

Манго

Богато е со витамин А и Ц, кои ја тонизираат и ја подмладуваат кожата. Ги успорува знаците на стареење на кожата и ја омекнува. Маската од манго се препорачува за сите видови кожа.

Портокали

Исто како лимонот, и портокалите се богати со витамин Ц. Може да се користи во овошните маски, а кората од портокалите може да се суши на сонце и потоа да се претвори во пудра и да се додаде во маските за лице. Ја чисти и ја освежува кожата, а сокот од портокал може да се дододаде во маските за лице и за раце.

Јагоди

Тие се моќни антиоксиданси и го спречуваат оштетувањето на кожата кое настанува со оксидација која доведува до појава на знаците на старост. Исто така јагодите може да се користат за маска на лице.

Цреши

Содржат минерали и витами кои ја хранат кожата. Имаат антивоспалителни ефекти и помагаат во заздравување на кожата и намалување на иритациите. Помагаат во случаите на оштетување на кожата кои настанале од претерано изложување на УВ зраците.

Шипки

Има одлични својства кои се корисни за нега на кожата, ја хидратизира и делува како силен антиоксиданс. Освен тоа ѝ помага на кожата да ја задржи влагата и поттикнува процес на обновување на клетките.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top