НУ Турски Театар, в петок, со почеток во 20 часот. ќе ја изведе преставата „Генерална проба на самоубиство“ од Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин. Претставата ќе биде изведена на сцената на Театар Комедија со титл на македонски јазик.
Преводот и режија- Билге Емин, Сценограф : М.Нуруллах Тунџер, Костимограф : Марија Пупучевска, Музика : Оливер Јосифовски, Кореографија : Олга Панго, Помошник на режија: Џенап Самет, Асистент: Сузан Акбелге. Улогите ги толкуваат: Селпин Керим, Осман Али Џенап Самет и Сузан Акбелге.
„Генерална проба на самоубиството“ е механизам на лаги во кој човекот запаѓа мислејќи дека тука е неговото спасение. Го набљудуваме процесот како повоената економија и општествениот поредок влијаат на одлуката на поединецот и го втурнуваат во помислата да си го одземе животот. Сега, во рамките на ваквото уредување, луѓето умираат парче по парче. Индивидуата не може да го контролира дури ни самоубиството, бидејќи системот не го дозволува тоа. „Зошто волкот не пасе трева“, „Бидејќи овците тоа го прават за него.“
Такви се и социјалните процеси кои се одвиваат во моментот. Во претставата е отсликан апсурдниот и гротесктен свет кој го преживува современиот човек. Денес луѓето живеат во страв што ќе се случи утре, факт кој го повлекува и прашањето за идентитетот, зад што стојат големите светски сили, лоби групите за вооружување, империјалистичките Европа и САД. Од една страна, поставена е така наречената слобода, а од другата страна е човекот кој е претворен во машина која автоматски функционира и лесно се контролира. Европскиот Рационализам, поимањето на формата го конципира на основа на естетиката на Пит Мондријан, основачот на Неопластицизмот, што ме наведе овој концет на формата на Мондријан да се провлекува како сценска естетска, вели режисерот Билге Емин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.