Играчот за врска на Манчестер сити, Јаја Туре, ќе си замине од клубот на крајот од сезоната, а веќе добил неверојатна финансиска понуда за да се пресели во Кина. Најверојатно станува збор за Гвангжу Евергранде, еден од најмоќните клубови во тој дел од светот, а понудата за едногидшен договор до Јаја Туре изнесува 30 милиони фунти. И тоа со платен данок, што значи дека интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска би можел да стане најплатениот играч во светот.
Доколку овој трансфер се реализира и одличниот играч за врска ја прифати понудата, тогаш тој ќе заработува 576.923 фунти неделно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.